600 гр брашно60 гр инстант компир пире1 лажичка сол10 гр сув квасец1,5 лажици шеќер400 мл оризово млеко100 мл масло
Мекички, вкуснички ...Подготовка1. Замесуваме тесто со млако оризово млеко и сите останати состојки. Го оставаме да стаса па го размесуваме.2. Тестото го делиме на две топки. Ги оставаме на работна маса 5-10 минути покриени со крпа или најлон.3. Потоа секоја од нив ја рассукуваме и си правиме кифли по желба.4. Ги премачкуваме со прелив и ги посипуваме со сусам.5. Ги оставаме да стасаат, а за тоа време ја загреваме рерната на 220 степени.6. Ги печеме со вентилатор доколку го имате на рерната.ЗабелешкаВо оваа доза на млеко имам растворено 4 полни лажици оризово млеко во прав во 400 мл вода.За да ни се лепи сусамот на посни кифли правам прелив од неколку лажици вода во која ставаме 1 лажица брашно и 1 лажица масло. Преливот треба да е густ за да може да се размачкува на секоја кифла, односно да не е течен и да се разлева.
Pročitaj više
Компир бајадера (посно)
основа (пире)500 гр. варени компири (без лушпа)1 лажица мешан сув зачин80 гр. маргарин1 дел3 полни лажици пире5 лажици мелен, солен, посен кекс6 лажици потпечен сусам2 дел3 полни лажици пире4 лажици мелени смоки2 лажици пржени, солени, мелени кикиритки1 лажичка црвен пипер1/8 лажичка куркума
Оваа бајадера од компир е одлична како солено ладно предјадење, декоративна за посни слави или разни други пригоди.1. Компирите се лупат, се варат и се цедат. Додека се топли се пасираат со вилушка, се додава мешаниот сув зачин и маргаринот, а потоа со миксира да се добие мазно пире.2. Сусамот се потпекува, се лади, посниот солен кекс се мели и овие состојки се мешаат со 3 лажици од основата односно пирето. Смесата рамномерно се распоредува во калап за бајадера обложена со алуминиумска фолија.3. Смоките и солените пржени кикиритки се мелат одделно, се додаваат на вторите 3 лажици од пирето заедно со црвениот пипер и куркумата. Се меша сето убаво и се распоредува врз првиот дел.4. Калапот се става во ладилник за да се стегне но не да замрзне, доволно за да може да се отстрани фолијата. Се сечат парчиња дебели 1,5 см. и со метален готварски шприц на секое парче солена бајадера се нанесува од жолтиот дел од пирето кое остана.Се чува во фрижидер и се служи ладно.
ла
Посни обланди
1 лист обланди250 гр шеќер во прав10 гр желатин80 мл топла вода130 гр микс овошје од суво и јаткасто овошје (суви кајсии, суво грозје, суво кици, сушен цитрон, брусница, бадем, лешник, ореви, сува слива)кора од еден портокал
Ова е едноставен и интересно декоративен рецепт кој го видов на интернет пред некое време, па така испринтан чекаше момент кога ќе се направи. Користев растителен желатин, па ако некој сака може да го искористи рецептов и во посни денови.1. Обландата ја сечеме на две идентични парчиња. Овошјето ситно го сечкаме, може и на сечко, ама да го исечкаме на покрупни гранули, не на многу ситно. Ја рендаме кората од портокалот.2.
Желатинот го раствораме во топла вода. Кога убаво ќе се стопи го ставаме во шеќерот во прав и матиме со миксер. Смесата ќе се зголемува, ама не премногу и ќе се згуснува. Матењето е кратко, околу минута до две.3. Го истураме сечканото овошје во смесата, промешуваме и ја истураме смесата на едната половина од обландата. Размачкуваме да има насекаде, ама не сосема до крај и ова го правиме побрзо, затоа што брзо се стегнува.4. Поклопуваме со другата обланда и ставаме нешто тешко врз неа. Оставаме некое време да се стегне (околу 1-2 часа) и сечкаме на форми по желба непосредно пред конзумирање.
ЗабелешкаПортокалот ставете го во вода во која сте раствориле сода бикарбона или пак истрлајте го со сода бикарбона убаво, па оставете го во водата да отстои.Како за првпат дека го правев направив половина доза, за да видам како ќе биде прифатен од домашните, ама се покајав затоа што требаше цела доза да направам. Едноставно, им се допадна, нели сме си љубители на суво овошје, па излезе дека е одлична слатка грицкалка. Ама многу брзо се прави, така да кога и да посакате за некои 15 минути десертот е готов, само треба да се почека да се стегне и да се залепат убаво обландите.По правило со филот се спојуваат обландите од покрупната шара што ја имаат на страните, ама како јас нели се брзам па така и набрзина за да поклопам, па згрешив. Ама сепак тоа е и до вкусот, ако повеќе ви се допаѓа вака, тогаш направете ги и вака, не е некоја страшна грешка
Салата со сусам посно
50 гр. сусам3 кисели краставички150 гр. варена пченка1/2 лажичка сенфна вкус сол
Убава, освежителна и крцкава...- Потпечете го сусамот на сува тавка.- Исецкајте на мали коцки краставичките, додадете 150 гр. варена пченка, сусамот и сенфот... измешајте. Имајте трпение најмалку половина час да се спојат вкусовите, потоа служете се.Толку, лесно, вкусно - плус и посно.Овојпат ставив сенф со рен....вкус - мераци,Можете да ставите мајонез наместо сенф
Посен расол
1 свежа зелка (средно голема)2-3 моркови1 филџан ориз300 мл. доматно пиремалку лимонтус, масло, сол по потреба, црн пипер1-2 ловорови ливчиња по вкус1 лажица брашно1 лажица црвен пипер
1. Свежата зелка се сечка на покрупно и се става во повисока тава или тенџере (пекач).2. Морковите се рендаат, се ставаат во зелката, се посолува, се става масло и се промешува. Се тура вода до половина од зајрето и се става во загреана рерна на 200 степени.3. Штом зелката ќе омекне, се дотура жешка вода да го покрие зеленчукот, се враќа во рерна да се пече околу 20 минути.4. Потоа се става измиениот ориз, црн пипер и малку лимонтус, се меша и пак се пече со повремено мешање како не би се залепил оризот на дното.5. Кога оризот ќе навари, се става доматното пире, и зависно колку е киселкаст вкусот се додава ако треба уште малку лимонтус.6. На крај се прави запршка со малку масло, 1 лажица брашно и 1 лажица црвен пипер, се тура во зелката, се измешува убаво и се допекува.ЗабелешкаОвој ручек го правам секогаш кога немам сторена зелка, зашто свежата зелка ја има секогаш. Не е задолжително да се прави во рерна, на ист начин се прави и на рингла во подлабоко тенџере.Наместо доматно пире може да се стават домати, а исто така може да си ставите и мевце ако сакате да е мрсничко. Кога се прави со сторена зелка не се става лимонтус и сол.
Зелен сос
1 авокадо50 мл маслиново масло100 гр семки од тиква1 мало чешне лук5-6 лажички сок од лимон3-4 лажички сенф1/2 лажичка сол1/2 лажичка бибер
Започнаа и овие Божиќни пости. Еве предлог од мене за интересен и необичен намаз кој може да го користат и хронерите, сите што постат, а и оние што не постат, зашто може да се послужи и како намаз во комбинација со млечни производи или месо.
Подготовка1. Авокадото го сечкаме на половина му ја отстрануваме семката и му ја лупиме кората.2. Лукчето го лупиме и заедно со маслото и авокадото го ставаме во Нутрибулет или блендер добро да се изблендира, да се направи како мајонез.3.
Овде ги ставаме сокот од лимон, биберот, солта и сенфот, пак соединуваме со блендирање.4. Семките од тиква ситно ги мелеме. Ги додаваме кон смесата. Добро промешуваме да се соедини целата смеса.ЗабелешкаСемките од тиква ги мелев исто во Нутрибулет.
Во оваа доза влегуваат сите овие состојки што ми се напишани, а вие можете да одземете количина или да додадете, сепак се работи за вкус.
За сите што не се на хроно, може да користат сончогледово масло.Напишав мало чешне лук затоа што има и големи главици на лук, па да не го направите прејак намазот, ама сепак се работи за вкус, па како сакате ги комбинирате состојките, по количество.Од оваа доза излегува една мала тегличка.
Соја
1 шолја пасиран варен компир (3 помали компири)2 шолји брашно100мл. вода1 лажичка шеќер1 лажичка сол1/2 коцка квасецФил100гр. соја трошки1 средна главица кормид (рендан на ситно)1 чешне лук1 лажичка сенфпо 1 лажичка сол, црвен пипер и кари1 лажица ворчестерпо 1/2 лажичка бибер, каен пипер, мелен ким, пушен црвен пипер, оригано, мајчина душичка1 пиперка1 доматПо потреба сенф за премачкување
1. Прво активирајте го квасецот со лажичка шеќер, лажичка брашно и 100 мл. вода. Потоа замесете меко малку лепливо тесто. Брашното додавајте го постепено. Количината може да варира минимално. Ставете во набрашнет сад на топло да стасува.2.
За филот соја трошките покиснете ги во жешка вода и оставете ги 10тина мин
. Потоа убаво исцедете ги, додадете го ренданиот кромид, протиснатото лукче и зачините и промешајте да се соедини
. На плех обложен со хартија ставете ги трошките, распоредете убаво и ставете ги на горна решетка во загреана рерна малку да се потсушат и да добијат боја. Од време на време промешувајте со лажица да не загорат.3. Кога тестото е стасано префрлете го на набрашнета работна маса. Нежно поделете го на онолку делови колку што планирате да правите. Развлечете го полека со рака и трудете се да не го истиснете целиот воздух од него
.Ставете ги така развлечени на плех обложен со хартија и попрскано со брашно.Премакајте со сенф.Пиперката и доматот исечете ги на мали коцки и додадете ги кај сојата. Промешајте и распоредете подеднакво врз тестата.Ставете да се пече во загреана рерна на 220С. Печењето зависи од тоа колку сте ги растегнале корите, од 15 до 20 мин.Послужете топло.
Божична торта со вишни
2 чаши брашно2 чаши пченичен гриз1 чаша шеќер1 пецивоплус900гр вишни2 ванили1 чаша шеќер170мл масло
Интересен сочен колач, не одзема многу време, а е могу декоративен и одличен за божикните пости. Се ставаат во цедалка замрзнатите вишни и течноста се чува за на крај. Сувите состојки се мешаат со лажица
. Исцедените вишни нежно се притискаат со вилушка за да се изгмечат, се додава шеќерот, маслото и ванилата.Во тавче 20Х30 се става една третина од сувите состојки убаво се мазни и над нив се става половина од филот со вишни
потоа над вишните се става уште една третина од сувите состојки, повторно од вишните и на крај со сувите состојки се покрива убаво колачот.На крајот се додава сокот од исцедените вишни.
Се печи во загреана рерна на 180степени околу 40мин.Одозгора направив шеќерна глазура од шеќер во прав и сок од вишни. На колачот на сликата е ставено вишни само на средина, но оргинал рецептот е со 2 реда вишни.Се остава убаво да омекне 3-4 саати, потоа е многу сочен.